Додека актерката Слобода Миќаловиќ на сцената на Народниот театар во Ужице глумела дека умира и додека актерите околу неа навистина изгледале загрижено, на сцената се качила лекарка од публиката за да ѝ укаже лекарка помош, пренесуваат српските медиуми.
Имено, на претставата на втората натпреварувачка вечер на „Југословенскиот театарски фестивал“, додека полната сала ја следела претставата „Лоренцачо“ и гледала како во една сцена, актерката Слобода Миќаловиќ ги мавта рацете како да не и е добро и паѓа, а ја прифаќа актерот Бранислав Лечиќ. Тој вика: „Отворете ја вратата!“
Приоѓаат и други актери од зад сцената, кои делуваат загрижено. Во тој момент, во публиката настанува метеж, некои стануваат и викаат:
„Нејзе навистина не ѝ е добро! Помогнете ѝ!“, пренесува српски „Курир“.
Веднаш на сцената се качила д-р Мира Гавриќ, началник на Одделот за неврологија во болницата во Ужице, која сакала да ѝ помогне на Слобода, додека, пак, д-р Богдан Дамјановиќ од задните редови истрчал до средина на салата. Потоа, еден од актерите ја прегрнал лекарката и покажа како чита текст од мобилен телефон. Дури тогаш докторите и загрижената публика сфатија дека сега и тие се дел од претставата.
-Знам дека ова не е пријатно. Ние се обидовме целата престава да биде најверодостојна, навистина публиката да поверува. И на претходните престави дотрчуваа луѓе на сцената, најмногу лекари – изјавила Слобода.