ЏОРЏ ВИЛИЈАМС: Италијаните јадат многу леб, Грците претеруваат со маслото

by Тони Зографски

Нутриционистот Џорџ Хамлин Вилијамс неколку години ги проучувал прехранбените навики на повеќе народи низ светот, во обид да извлече генерален заклучок која исхрана е најдобра. Во текот на истражувањето, тој дошол до заклучок дека во Кина и Јапонија имаат генерално најздраво мени, бидејќи во нивната исхрана имаат многу овошје и зеленчук.

Недостаток на кинеската кујна, според Вилијамс, е количината на сол што се содржи во соја-сосот, па затоа е поголем поддржувач на јапонската, која изобилува со морска храна и свежи зеленчуци. Утврдил и дека трендот на исхрана на Јапонците се проширил и во Кенија и Малезија.

Што се однесува долошите навики, ја истакнал Италија. Нивната исхрана изобилува со јаглени хидрати, а просечниот Италијанец јаде 2-3 порции леб дневно.

„Тоа е премногу, бидејќи често станува збор за бел леб. Добра замена е интегралното брашно. Освен тоа, Италијаните тврдат дека е здраво да се изеде еден кекс дневно. Се обидуваат да ја ограничат консумацијата на слатки десерти, но нивните насоки се нејасни бидејќи некои од кексите се прекриени со дополнителен шеќер и со чоколадо.

Во врска со грчката исхрана, Вилијамс смета дека тие претеруваат со маслото.

 

 

 

останати вести