ИТНО ПРЕНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА: Француската глумица во тешка состојба (ФОТО)

by Тони Зографски

Француската глумица Катрин Денев (76) во тешка состојба ноќеска е пренесена во една париска болница.

Како што пишуваат француските медиуми, односно весникот “Паризиен“,  таа била примена во “сериозна здравствена состојба“.

Катрин Денев во шеесетите години беше симбол на убавината и на женственоста. Таа последен пат во јавноста се појави во средината на октомври, на премиерата на филмот “Ирец во Париз“.

Инаку, Катрин Денев во 2012 години беше ексклузивна гостинка на 33 -от Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. во Битола.

останати вести