Овен (21.03 – 20.04)
Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.
Бик (21.04 – 21.05)
Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Одморете се во друштво на саканото лице.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Воздржете се од оргиналните предлози и не се обидувајте да протуркате несекојдневни идеи денес. Вечерва најверојатно ќе присуствувате на многу пријатна забава каде ке имате доволна можност да ја реализирате вашата индивидуалност. Бидете трпеливи, приходите ќе ви се зголемат.
Рак (22.06 – 22.07)
Се што имате замислено во текот на денот ќе ви се оствари, но плановите за вечерва ќе ви се сменат целосно. Ако забележите дека работите излегуваат од контрола, подобро е да ги откажете обврските и да си дадете малку одмор.
Лав (23.07 – 22.08)
Задоволете се со мали достигнувања и не обидувајте се да го зачудите светот. Прилично сте расеани денес и најдобро ќе биде ги проверувате нештата барем два пати пред да ги сработите погрешно. Поминете го времето со семејството.
Девица (23.08 – 22.09)
Од една страна премногу барате од тие околу вас, а од друга страна – мислите само за сопствените приходи. Не е исклучено оваа ситуација да предизвика конфликти помеѓу вас и вашите најблиски, тешко ќе ги прифатат острите критики.
Вага (23.09 – 22.10)
Штедете си ја енергијата не се зафаќајте со тешки проекти. Имунолошкиот систем во моментот ви е слаб. Воздржете се од несекојдневни контакти кои нема да му помогнат многу на вашиот бизнис, а можат да му наштетат на вашето здравје. Ќе дознаете лоша вест поврзана со некој ваш драг пријател.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Бидете природни и зборувајте за тоа што го мислите. Секој обид да го прикриете своето мислење или да реагирате „фино” ќе предизвика негативни последици. Поради тоа другите или ќе го оценат вашето однесување како погрешно или ќе се обидат да ве измамат. Доколку дознаете дека околностите се несоодветни, подобро не се активирајте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Внимавајте на настаните и обидете се да ги разјасните деталите. Ќе имате можност за докажување или ќе добиете нова бизнис шанса. Искористете ја по секоја цена. Ќе ви биде тешко да се справите со денешните задачи. Како причина за тоа може да биде немањето на инспирација, некој може ќе ви попречи или ситуацијата ќе биде несоодветна.
Јарец (22.12 – 20.01)
Размислете за сопствената состојба и за ресурсите со кои располагате. Побарајте помош само ако сте апсолутно убедени дека не можете да се справите сами. Прилагодете ги одлуките кон околностите и придржувајте се кон реакциите на своите соговорници. Не настојувајте на вашето мислење. Во моментов е подобро да попуштите и да го одложите спроведувањето на плановите. Нема да напреднете, но и нема да дозволите грешки.
Водолија (21.01 – 19.02)
Немојте да се изненадите ако денес се чувствувате како со „врзани раце”. Идеи нема да ви недостасуваат, но што и да пробате ќе се судрите со мали проблеми. Намалете го темпото и почекајте. Ситуацијата наскоро ќе се промени.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувајте во себе и не ги следете туѓите совети. Дури и да не го направите тоа што го имате замислено, нема да биде фатално. Не зависи се од вас, но барем она врз кое имате контрола ќе биде онака како што си го претставувате.