Првата дама на Македонија Елизабета Ѓоргиевска повеќе од 20 години е во среќен и хармоничен брак со претседателот Стево Пендаровски, а плод на нивната љубов е синот Огнен кој има 17 години. Таа по професија е стоматолог на Клиниката за стоматологија во Скопје и професор на Стоматолошкиот факултет.
Елизабета во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за својот живот, семејство, кариера, обврски…
– Најважно е разбирањето и мора да постојат компромиси. Во многу работи ние сме и различни, но секој пат се наоѓа заеднички јазик – вели Ѓоргиевски која истовремено откри дека нејзиниот сопруг со уникатен и искрен текст ја изненадил за десетгодишнината од бракот.