Познатиот американски продуцент Мајкл Енглер кој ги продуцирал познатите серии „Империја“, „Нешвил“, „Дедвуд“ и „Сексот и градот“ неодамна присуствуваше на една свеченост, каде беше фотографиран.
Милиони фанови ја коментираа неговата фотка на Твитер, дека Енглер многу личи на еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ.
Инаку, по триумфот на Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ го одржа ветувањето и новата победа ја прослави со хитови на великанот на народната музика Харис Џиновиќ. Веднаш потоа се огласи Харис кој го покани Новак на неговиот новогодишен концерт во Белград.
„Му честитам на Ноле за победата. Многу се израдував кога слушнав дека славел со мојата песна. Му посакувам многу успех и уште многу победи. Секкао дека би бил пресреќен тој да ми биде гостин на концертот,“ изјави Џиновиќ.