Легендарниот Диего Армандо Марадона јавно влезе во конфликт со својата ќерка Џанина Марадона, која преку социјалните мрежи истакна дека нејзиниот татко умира. Него воопшто не му се допадна оваа изјава, односно, тој тврдењата на Џанина ги отфрли, а притоа и испрати директна порака околу наследноство.
-Јас воопшто не умирам. Јас спијам мирно затоа што работам. Не знам што сакаше да каже Џанина. Знам дека сега, како што стареете, луѓето се грижат повеќе за тоа што ќе им оставите отколку за она што го правите. Им кажувам оти се ќе донирам. Се што имам спечалено ќе донирам. Не им оставам ништо, -порача Марадона.