Холивудскиот глумец Ричард Гир чека ново дете на 70 години. Само девет месеци откако доби син, сопругата на холивудската легенда е повторно бремена, објавија шпанските медиуми.
Инаку, Ричард Гир се венчаше со двојно помладата Шпанка Алехандра Силва лани во април и во февруари годинава им се роди син. Шпанскиот магазин „Ола!“ објави дека новото бебе треба да дојде на пролет.
И Гир и Силва имаат по едно дете од претходните бракови.