Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ѝ ја одзеде дозволата за работа на 1ТВ. Советот на АВМУ на седница одржана вчера попладне ја затвори постапката против оваа телевизија, откако претходно не се појави нејзин претставник.
Основ за одземање на дозволата е неисполнувањето на минималните кадровски услови што се пропишани, објави „Фактор“. Според дозволата што ја поседуваше телевизијата, имаше обврска постојано да има 30 вработени, од кои 10 новинари.
Инаку, по апсењето на Бојан Јовановски, Боки 13, кој се претставуваше како сопственик на телевизијата, најголемиот дел од новинарските имиња си заминаа од 1ТВ. Боки 13 е првоосомничен за случајот Рекет, и е во притвор во истражниот затвор Шуто Оризари.