Манекенката Камила Мороне која е девојка на холивудскиот глумец Леонардо Дикаприо се појави на црвениот тепих на LACMA Art + Film Gala настанот во Лос Анџелес, во фустан во боја на слонова коска, со длабоко деколте, со што ги воодушеви присутните.
Иако на манифестацијата се појавија имиња како Селма Хајек, Сиена Милер, Наоми Кембел… оваа дама со својата едноставност и сексипил, ги засени сите.
“Убедливо најубавите природни гради на светот“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Камила е во врска со Леонардо Дикаприо уште од 2018 година. Интересно е тоа што таа е родена во 1997 година кога премиера имаше филмот ‘Титаник“ во кој главна улога играше токму Дикаприо.