Британскиот тенисер Енди Мареј по трет пат стана татко. Неговата сопруга Ким Сирс роди машко бебе.
„Момче е. Сè уште не го знаеме името. Ја видов фотографијата. Пресреќна сум што сè е завршено и тие се добро“, рече бабата на Мареј за „Сан“.
Инаку, Енди и Ким веќе имаат две ќерки, тригодишната Софија и двегодишната Еди.