Овен (21.03 – 20.04)
Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските особи поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.
Бик (21.04 – 21.05)
Создадете си концепт за работа. Колку повеќе лични работи решите, толку подобар резултат ќе добиете. Не почнувајте ништо за да му угодите на некој, слушајте ги вашите желби, ова е поволен ден за вас.Вашата финансиска состојба ќе се подобри.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Во зголемување на месечните примања или бизнис продуктивноста ќе ви помогне разгранетата мрежа на пријатели кои ќе се најдат во право време на право место и ќе ви ги пласираат потребните информација или услуги. Некому денес ќе му биде потребен вашиот совет или рамо за плачење.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе бидете енергични, претприемачки и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу страствени за постигнување на своите желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чувствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде поддршка.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда.
Вага (23.09 – 22.10)
Во текот на целиот ден внимавајте на личните документи, средствата кои секојдневно ги користите во својата работа, и запишувајте што се треба да сработите во зададениот рок. На тој начин ќе ги спречи проблемите кои можат да произлезат како резултат на заборавеност или растеретеност. Вечерва ви е совршена за дружење.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашата психичка состојба поради различни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можете да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот љубовен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Најверојатно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе го расипат доброто расположение. Не подпаѓајте под исказите на партнерот, концентрирајте се на неговите постапки и чисти емоции.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата, внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема поддршка од саканата личност.
Риби (20.02 – 20.03)
На работно место ве очекуваат купови работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе изнаоѓате многу недостатоци. Ќе бидете недоверливи.