Овен (21.03 – 20.04)
Претставните на овој знак повторно ќе имаат проблеми со нивниот карактер, дрско ќе се обидат да ја потценат околината и нејзините размислувања. Тоа што на вашите колеги им го правите, верувајте дека сите го забележуваат, а со тоа ништо не постигнувате само си го нарушувате угледот. Психичката состојба ви е загрижувачка.
Бик (21.04 – 21.05)
Кај вас е присутна љубовта кон вистината, отвореноста и чесноста, па многу ќе се чудите кога нешто ќе тргне наопаку. Ќе бидете во ситуација јасно да го разграничите доброто од злото така што вашата совес ќе остане чиста и мирна. Благата нервоза е последина на вашиот колеричен темперамент.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе направите некои погрешни заклучоци или погрешна проценка која може да биде многу важна за вашето работно место. Постојано имате проблем да сватите дека работата мора да постои во животот и дека мрзеливоста и негодувањето треба да ги отстраните. Но со мала мотивација ќе успеете да го надминете овој проблем.
Рак (22.06 – 22.07)
Исклучитено несериозно ќе настапите во речиси сите аспекти од животот. Не ви се работи, не ви се учи, не знаете што со себе. Финансиската ситуација ви е загрижувачка, мора да пронајете начин да ја средите. Несериозноста и лажните ветувања се вашиот најголем непријател.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес повторно длабоко ќе размислувате што ќе се случува понатаму во вашиот живот, но и на ова некогаш треба да се стави крај. Не размислувајте, туку креирајте го животот таков како што го посакувате. Започнете од најмалите чекори за кои мислите дека не се потребни, па зголемувајте го напорот и не се брзајте, трпеливоста треба да ви биде секојдневниот пријател.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе треба да бидете доста сериозни, рационални бидејќи во прашање е промена на работното место или избор на дополнителна работа. На тоа ќе бидете принудени иако не сте воодушевени со тоа што ќе треба да го работите. Финансиската состојба не е најдобра ќе мора да бидете поскромни во трошењето на парите.
Вага (23.09 – 22.10)
Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во прнаожањето на вистински методи е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат можности за врски во странство или личности кои доаѓаат од странство. Што се однесува до љубовта во ова поле ве очекува изненадување од страна на вашиот партнер, а слободните Шкорпии ќе бидат фасцинирани од личноста која ќе ја запознаат највероватно во друштвото со кое ќе бидат денеска.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Избегнувајте извршување на многу работи во исто време и површни акции. Здраствената состојба е чувствителна повеќе внимание обрнете на вашите нерви. Не се нервирајте за ситници, започнете постепено со работа и не и дозволувајте на мрзеливоста да ве оттргне од патот по кој чекорите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денов е прекрасен за оние претставници кои се занимаваат со уметност, како и за оние кои работаат во здраството. Останатите припадници на знаков можеби ќе имаат проблеми со завршувањето на работните обврски, внимавајте на тоа, можно е да добиете отказ. Давате премногу ветувања, а не ги остварувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се пониски цени.
Риби (20.02 – 20.03)
Работните интереси ви се нагласени, може да се случи да завршите некоја голема работа која многу ќе ви помогне за промените кои ги имате на памет. Финансиската ситуација ви се подобрува. Можеби ќе добиете некоја порака која ќе има необично пријатен ефект кај вас.