Убавата холивудска глумица Џулијан Мур ја бие глас дека е голем професионалец, но признала дека има ситуации во кои и било незгодно. Џулијан открива дека многу тешко и паднало снимањето на интимните сцени во филмот ‘After the Wedding’ кој го режираше токму нејзиниот маж Барт Фрејндлих. Во една од сцените таа гола во када разговарала со својот партнер во филмот Били Крудап.
-Не сакам такви сцени, тоа ми беше најнезгодно искуство – рекла глумицата која со Барт има две деца, 21-годишниот Калеб и 17-годишната Лив.
Инаку, Џулијан вели дека нејзиниот сопруг не сака да ги гледа нејзините голи сцени.
-Не, тој тоа го избегнува – рекла таа.