Пратеничките во украинската Врховна Рада бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко поради негова наводна вмешаност во секс скандал.
Јаременко, кој е пратеник од партијата „Слуга на народот“, е обвинет за вмешаност во „сексуален скандал“, откако во украинските медиуми вчера се објавени снимки и фотографии како тој за време на собраниска седница се допишува со евентуална „сексуална работничка“ и бара нејзини услуги. На една од фотографиите се гледа како Јаременко некому му напишал на руски јазик: „Услови за средба со тебе“, а потоа од соговорникот добил одговор: „Здраво. Вашето место. Сексот е заштитен, класичен и орален. Анален – табу. Еден час – 100 долари, а два часа – 150 долари“.
Поддршка на иницијативата за оставка на Јаременко даде и Ирина Гераштенко од партијата „Европска солидарност“. Според неа, постапката на пратеникот ги буди најлошите митови за Украина, дека тука може да се „купи“ жена за 100 долари.
– Тоа е срамно и сметам дека претседателот на Комисијата треба да поднесе оставка, изјави Гераштенко.