По осум години врска холивудската глумица Мег Рајан го откачи музичарот Џон Меленкамп и ја раскина веридбата.
-Едноставно свати дека ѝ е доста и ја раскина веридбата. Воопшто не и е криво поради тоа, – вели извор близок до глумицата.
Мег и Џон веќе еднаш ја прекинаа осумгодишната врска, кога музичарот се забавуваше со Кристи Бринкли.
Инаку, парот врската ја започнаа во 2010 година откако музичарот се разведе со Елен Ирвин. Мег лани преку Инстаграм објави дека нејзиниот партнер ја запросил.