Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ во понеделникот колабираше среде претставата “Обична вечер“, па заврши во Ургентен центар.
-Се е во ред, беше моментална криза. Ми беше лошо, па да не повратам на сцената побарав преставата да биде прекината и отидов на лекар кој дијагносицираше дека се работи за обична мачнина. Навистина не беше коректно да повраќам пред публиката- изјави Лане Готовиќ за блиц.рс
Неговиот менаџер Ѓорѓе Милутиновиќ опиша што точно се случило.
-По пет, шест минути откако почна претставата Лане се пожали дека не му е добро, дека му се мати пред очите и слезе од сцената. Претставата се прекина, а тој замина на лекар. Некој вели дека тоа му е од високиот притисок, некој дека од жештината во салата, а некој дека му паднал шеќерот.
Инаку, Милан Лане Гутовиќ е најпознат по улогата на Шојиќ во филмот “Тесна кожа“.