Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ се пофалила како го предвидела нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, во својата апликација за стипендија на Фулбрајт.
Таа опишала како во болницата имала тешка бременост додека ги пополнувала документите за апликација за стипендијата и дека на својот сопруг Јаков му ја кажала својата теза за „асиметрични закани“.
Јаков и рекол дека нејзината тема малку изгледа како „научна фантастика“, но пет месеци подоцна се случил нападот во Њујорк, со што било потврдено визионерството на Колинда, пишува Индекс.хр.
„За жал мојата теза стана реалност“, рекла Колинда во својот говор во Вашингтон каде ја примила наградата Фулбрајт за животно дело.