Германскиот министер за земјоделство Петер Алтмаер падна од бина на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд, по што е хоспитализиран. Тој по своето излагање падна од бината на лице откако промаши скалило. После падот кратко остана без свест.
Организаторите на собирот, по оваа незгода, ја испразнија салата во која се случуваше манифестацијата, а лекарите од итната помош го прегледаа министерот и го префрлија во болница.
Собирот е продолжен откако Алтмаер е префрлен во болница, а претставувањето на проектот на европската платформа на податоци продолжи без присуство на министерот.
Меѓутоа планираната конференција за печат на која требаше да присуствува е откажана.