По палењето пред пет дена на автомобилите на семејството Тушеви, сношти е запален автомобил марка мерцедес во зграда кај пазарот во Штип.
Во територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 05:45 часот, по што пожарникарите веднаш излегле на терен. Нешто по седум часот, возилото целосно е изгаснето.
Како што дознава порталот mms.mk возилот е на државјанин на Турција, кој во Штип имал бутик. Во зградата каде е опожарен автомобилот, имал стан под наем.