Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ колабирал среде претстава, пишуваат на Твитер неколкумина кои присустувале на овој настан.
Тој ја играл претставата „Обична вечер“, рекол дека не му е добро и по десетина минути колабирал на сцената. Mногумина во салата помислиле дека се шегува, но сфатиле дека е сериозно кога завесата се спуштила.
73 годишниот Гутовиќ итно е пренесен во болница.
Инаку, Милан Лане Гутовиќ е најпознат по улогата на Шојиќ во филмот Тесна Кожа.