Започна снимањето на четвртата сезона на „Преспав“. Во оваа сеозна сите оние што ќе се пријават преку официјалната Фејсбук страница на „Преспав“ ќе можат да бидат дел од серијата како статисти.
Виш Инспектор Томе вели дека и да не се пријатите, тој ќе ве најде.
Прием! Преспав бара СТАТИСТИ! Секој субјекат што се осејќат спремен за ваков подвиг може да ни испратит порака во инбокс со слика (анфас, профил и фигура), телефонски број и години.
И да не се пријавите, Виш Инспектор Томе ќе ве најде!- се обрати Вишиот Инспектор во Преспа.
Инаку, емитувањето на четвртата сезона на “Преспав“ ќе започне од декември на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube. Актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.