Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња од Македонија, а сега претседател на Федерацијата, Перо Антиќ во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк.
Раскажа и за искуството во НБА и европските клубови, за страста кон автомобилите, моментот кога го нокаутирал Џејмс Леброн… Ова се само дел од темите кои кошаркарската легенда Перо Антиќ ги раскажа во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре.
Антиќ и Жаре муабетеа и за приватниот живот на Перо, за синовите Лука, Павел и Петар, а шоуто го развеселија и игрите кои од оваа сезона повторно се враќаат.