33 – годишна спортска новинарка и водителка Ирене Жанкера која е добро позната на љубителите на спортот во Шпанија бидејќи порано соработуваше во популарната емисија „Punto Pelota“ како и со спортскиот дневник Mundo Deportivo, откри страшна вест пред новинарите.
„Имам тумур на мозокот и до крајот на животот ќе мора да бидам по лекарски надзор. Туморот е бенигден и не расте. Секоја година морам да одам на магнетна резонанца“ – рече Ирене.
„Три или четири пати земав антидепресиви. Дојде и психијатар кој ми рече да го пијам доколку имам чувство дека се давам“ – рече новинарката и додаде дека и било тешко, бидејќи била затворена во куќата и не можела да ги гледа спортските случувања.
Вели и дека на 10 години имала операција по која била „врзана“ за кревет цели три месеци.
“Оздравувавањето траеше две години и дури потоа можев нормално да одам“ – рече Ирене која е голем обожавател на Реал Мадрид.