Ранко “Бубамара“ по трет пат стана татко (ФОТО)

by Тони Зографски

Првиот човек на манифестацијата  „Златна бубамара“, Ранко Петровиќ, по третпат стана татко, објави репортер.мк.

Ранко и неговата сопруга Маја станаа родители на девојче.  Тие веќе ги имаат ќерката Ангела и синот Марко.

За прославата со екипата на „Бубамара“ на мекици беа споделни фотографии на Фејсбук.

“Пред државниот празник си ги наполнив душата и срцето, прославивме за раѓањето на мојата трета кумица (после Ангела и Марко). Нека е жива и здрава, голема да расте, да живее во едно поубаво време и иднина, оти иднината ни е во децата. Честитки до мојот кум Ранко и кумата Маја од мене, моето семејство и од нашата екипа на вашата и наша Златна Бубамара“, напиша кумот на Ранко.

останати вести