Запалени двете возила на поранешниот претседател на ОО на СДСМ од Штип

by Тони Зографски

Целосно изгореа двата автомобила на поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Штип, Никола Тушев, известува Канал 77-ММС.

Рано изутрината по пет часот станарите на зградата забележале дека горат автомобилите, кои биле паркирани на паркинг пред зградата во населбата Сењак.

Покрај возилата на Тушев, запален е уште еден автомобил, што бил паркиран покрај едно од опожарените возила.

Автомобилите се целосно изгорени, известуваат репортерите на ММС.

Фото: ММС

останати вести