КРАЈ НА НЕЈЗИНИТЕ МАКИ: Извршена еутаназија врз параолимпијката Верворт (ФОТО)

by Тони Зографски

Белгиската параолимпијка Марик Верворт почина во 40 година од животот по пат на еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, Таа пред две години најави дека се одлучила за евтаназија и дека ќе се активира нејзината одлука во оној момент кога ќе стане неподносливо да живее. Верворт беше врзана за количка, а патеше од дегенеративно пореметување на ‘рбетот.

Таа  на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката со инвалидски колички на 100 метри, а сребра на 200 метри во 2012 и на 400 метри во Рио 2016 година, не можеше да ги издржи болките кои ги имаше од болеста на мускулите, имаше постојани напади и несоница.

Си-Ен-Ен пренесува дека нејзиниот роден град каде таа живееше соопштил дека Верворт ја активирала својата одлука за евтаназија во текот на вчерашниот ден.

Белгија е една од нЕколкуте држави во светот каде потпомогнатото умирање или така наречената евтаназија е легална.

останати вести