Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо Циска во саботата со брак ја крунисаа 14-годишната врска во најстариот замок во Шпанија. Невестата блескаше во венчаница, креација на познатата шпанска дизајнерка Роса Клара.
Роса инспирација за невестинскиот фустан ја пронашла во Арт Деко- стилот и со цветни мотиви таа се потрудила да ја долови нежноста на невестата.
Интересно е што Роса Клара ги дизајнирала и фустаните на мајката и сестрата на Надал, како и на мајката на Циска.
-Прекрасен ден полн со обврски за сите нас. Неверојатно сме горди што имавме чест да учеуствуваме во важниот ден, дена на кој Мери Перело и Рафа Надал стапија во брак. Им честитам на преубавиот пат и им посакувам се најдобро – порачала дизајнерката на својот Инстаграм профил.
Инаку, денеска за прв пат беа објавени фотки од венчавката на Надал и Циска.