Аргентинецот Макси Лопез, поранешниот фудбалер на Барселона, Сампдорија објави дека му простил на својот поранешен најдобар другар Мауро Икарди околу секс-скандалот, откако актуелниот напаѓач на ПСЖ му ја украде Ванда Нара.
Макси со Ванда има три деца, пред Икарди да влезе во љубовна комбинација со сексапилната Нара и потоа таа да се премажи за него. Лопез и Икарди долго време не зборуваа, на мечевите не се ни поздравуваа, но сега фудбалерот призна дека на својот бивш другар му простил за сето тоа.
„Решив да бидам среќен и некои работи ги оставив во минатото. Работите може да одат на добро или на лошо, а сè е до вас што ќе изберете. Мојот брак пропадна, ама јас од него станав татко. Решив да живеам со позитивна енергија и на сето тоа да заборавам. Тоа е единствено решение. Му простив на Икарди и повеќе немам проблем со него. Целта ми е моите деца да бидат среќни и тоа е сè. Сè друго е само минато. Јас само свртев нов лист во животот“, рекол Макси за аргентинските медиуми.
По оваа негова изјава, овој фудбалер одлучи уште еднаш да се огласи на социјалните мрежи. Остави порака на Инстаграм, која потоа ја тргна, но недоволно брзо.
„Не само што му простив на Мауро, благодарен сум што ја одведе „В“ од мене (мислејќи на Ванда)“, напиша тој.
Набрзо пристигна одговорот на Ванда.
„Почитта е како пари. Можеш да молиш за неа, но подобро е ако ја заработиш“…