Босанскиот поп пејач Дино Мерлин со неговата група ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ. Ова денеска го на прес конференција го соопшти скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и лично Дино Мерлин.
На прашањето на новинарите во врска со цената за ангажманот на Мерлин, Шилегов рече дека познатата регионална ѕвезда ќе настапи за Нова Година во Скопје без хонорар, односно за „нула денари“.
Скопскиот градоначалник најави дека градот порано ќе светне со новогодишни светилки и украси, поточно оваа година метрополата ќе биде облечена во новогодишно руво веќе од 1 декември.
– Сакаме на скопјани порано да им овозможиме да ја почуствуваат новогодишната бајка и да уживаат во празничната програма – рече Шилегов.
Инаку, и оваа година на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.