56-годишен маж од германскиот град Нојенкирхен е уапсен под обвинение дека својата 79-годишна мајка ја удавил во бунар.
„Улрих Ф. е обвинет зашто ја фрлил својата мајка Елесе во бунар во доцните вечерни часови на 25 јуни 2019 година, оставајќи ја да се удави во вода длабока два метри“, рече обвинителот Мартин Ботзенхарт во изјавата на „Билд“.
Смртта со давење во вода била потврдена и со обдукција спроведена на 27 јуни од страна на Институтот за правна медицина на Универзитетот во Минстер. Полицијата уште тогаш го уапсила Улрих Ф. под сомнение дека го извршил убиството, но набрзо го ослободила поради отсуство на докази.
Според информациите објавени од полицијата, причината поради која Улрих Ф. ја убил својата мајка е кавга околу семејното наследство.
„Елсе Ф. имала намера да остави голем дел од приватниот имот во наследство што не одговарало со плановите на нејзиниот син, кој сакал да го искористи за свои цели“, изјави директорот на единицата за убиства Јоаким Пол. „Со убиството на неговата мајка, Улрих Ф. се обидел да ја поправи својата финансиска состојба“, додаде тој.