Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска на својот Инстаграм профил објави фотографија со нејзината помала сестра Николина, сликана во Македонската опера и балет.
-Со мојата најубава сестра Николина 🎵🎶 – напиша Андријана под фотката со сестра ѝ.
Инаку, Николина е мецосопран а во јуни правеше свадба во Италија, на езерото Комо.
Андријана тогаш објави серија од фотографии на социјалните мрежи и ја покажа раскошната убавина на палатата каде се одржа свадбата.
– Го омаживме најмалото – најубавото! Среќен брак Николина и Џанлука! Животот да ви биде музика- тогаш напиша Андријана под фотографиите од свадбената веселба.
https://www.instagram.com/p/B3pstiRHsmQ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet