Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо, пишува ИРЛ.
Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Има 77 години и живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал како нов сопственик на телевизијата 1тв.
ИРЛ разговараше со извори вклучени во водењето на истрагата кои потврдија дека телевизијата сега има нов сопственик, односно дека дошло лице кое се претставило како новиот газда којшто со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.
Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.
Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400,000 евра, според информациите на Управата за јавни приходи.