Според пишувањата на порталот „Фактор“, пред Управата за јавни приходи (УЈП) се појавил физичко лице кој се претставил како нов сопственик на 1ТВ. Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.
Новиот сопственик потврдил дека му се отстапени уделите од телевизијата без надомест, а единствен услов било тој да ги плати долговите во сметководството.
Сопственик на 1 ТВ, според податоците од Централниот регистар, беше фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ.
Инаку, од Управата за јавни приходи денеска соопштија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против Меѓународниот сојуз, Томато продукција и БМЈ Груп.