МЕНАЏЕРКАТА ЉИЉАНА ПЕТРОВИЌ: Часовникот од Тоше секогаш ќе го чувам (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Утре се навршуваат 12 години од трагичната смрт на поп-ѕвездата Тоше Проески. Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, и овој октомври се присетува на кобниот ден, утрото кога загина Тоше кај Нова Градишка во Хрватска.

Љиљана вели дека месец октомври за неа е најтажен месец во годината.

– Се чувствувам лошо. Јас сум болна и не сум добро. Веројатно тагата го направи своето, целиот овој месец не се чувствувам добро и не сум расположена. И така секоја година во овој период. Тажна сум – вели Петровиќ, која започна да работи со Тоше во 2002 година.

– Знаете, работевме толку напорно што во тие пет години од нашата соработка бевме неразделни, делевме ден и ноќ и секој момент. Ги чувам сите подароци од него, тие ми се омилени. Нашите фотографии каде сме насмеани висат на ѕидот. Таму сме среќни и весели и тука и ги чувам безбедни. Го сакам неговиот часовник што тој ми го подари за роденден, последен пат. Засекогаш ќе го чувам, – вели таа.

Инаку, песната  „Светулка божја“ од Тања Кочовска е посветена на Тоше Проески. Композитор на песната е Роберто Панчевски,  текстот е на професор Миодраг Врчаковски, а аранжманот на Кире Костов.

останати вести