Во петок се навршуваат 40 дена откако трагично загина српскиот рапер Далибор Андонов Гру а неговото семејство има финансиски проблеми. Затоа раперот Марко Ѓуровски (син на македонскиот фудбалер Милко Ѓуровски н.з.) организираше продажба на маици на еден фестивал, а целиот приход од продажбата и го даде на сопругата на Гру, Даница која во моментов е без работа.
Хуманата акција ја поддржаа и глумците Виктор Савиќ и Александар Радојчиќ кои на своите Инстаграм профили ја објавија веста.
-Во чест на нашиот амбасадор, нашиот брат Гру, целиот приход од продажбата на маиците што ќе ги купите на фестивалот одат кај неговото семејство – напиша Виктор Савиќ.
Инаку, вдовицата на Гру, пред да се породи била успешна манекенка, но по венчавката се откажала од меѓународната кариера. Подоцна, повремено работела на снимање на реклами. па и во туристичка агенција, но по раѓањето на вториот син Релја, комплетно се посветила на семејството, додека Гру бил одговорен за финансиите. Како што пишува курир. рс, Даница во моментво е принудена да почне да работи.
Засега не е познато дали Гру сѝ уплаќал пензиско осигурување и дали неговите деца имаат право да примаат пензија по смртта на татко им.