Овен (21.03 – 20.04)
Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.
Бик (21.04 – 21.05)
На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.
Рак (22.06 – 22.07)
Во хармонија сте со себеси и тоа доаѓа до добрата комуникација со околината. Егото ви е нахрането и имате многу среќни моменти. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех.
Лав (23.07 – 22.08)
Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Чувајте се од повреди кои можат да бидат сериозни.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашите способности многу повеќе доаѓаат до израз кога знаете дека некој е еден чекор зад вас. Денес ќе ве обземе некое песимистичко чувство во врска со вашата кариера и придобивањето на финансиски средства. Работата нема сама да се заврши, а и вие не можете да бидете на две места истовремено.
Вага (23.09 – 22.10)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски. Некоја порака ќе ве расположи дополнително.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања. Разумно распределувајте ги парите. Бидете трпеливи во односот со партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ја постигнавте целта повеќе од очекуваното и сега чувствувате потреба за одмор или барем мала пауза. Кој може нека патува. Кој се уште работи, веројатно и понатаму ќе работи вредно, некои ќе менуваат колега, па ќе работат за двајца. Издржете со насмевка на лицето.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете принудени да правите и по неколку работи истовремено, само за да ја зголемете својата продуктивност и ефективност. Но, за вас поимот мултитаскинг не е нов, па притисокот на роковите нема да ве „скрши“ и ќе успеете да направите се што ќе наумите. Резултатите ќе бидат очигледни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови работи кои би можеле да ги зголемат приходите во работењето. Ќе направите нови планови во таа насока. Ќе се борите за поддршката на другите да ги поттикнете или барем да ги насочите. Нешто ќе ви успее.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.