26-годишната Лин Зу Тинг е уапсена и казнета за носење оскудно бикини на плажа во рајот на Филипините, островот Боракај. Туристката од Тајван предизвикала контроверзии со тоа што на 9 октомври провокативн бикини на познатата плажа со бел песок на островот, јавува државната новинска агенција Филипини.
Жената којашто патувала со своето момче, била предупредена од вработените во хотелот кадешто била сместена дека нејзиниот костим за капење е „несоодветен“, но таа не се вознемирила воопшто поради тоа.
Лин изјавила дека не знаела дека носење бикини било забрането.
Жената била уапсена следниот ден кога на плажа повторно носела минималистичко бикини со жица. Портпаролот на полицијата изјави дека е казнета со казна со 48,40 долари поради „еротската“ облека.
– Не рабирам во што е проблемот – рекла Лин.
Началникот на полицијата, Џес Бајлон, изјави дека за разлика од обичаите на туристите во нивните земји, тие мора да ги почитуваат културата и традицијата на Филипини.
Лоциран на централниот дел на Филипини, Боракај е една од најпознатите светски туристички дестинации.