Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, викендов се ожени со долгогодишната девојка Андријана Јакимовска. Судбоносното „да“ го кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Љупчо (35) и Андријана се по потекло од Крива Паланка. Доскорешниот министер за земјоделство и сегашен генерален секретар на партијата, венчавката ја најави уште летоска кога избраничката ја побарал за жена на нивниот одмор во Порторож во Словенија.
Инаку, сопругата на Николовски работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана.