БОЛТ СЕ СТЕПАЛ ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ЛОНДОН: “Луѓето паѓаа на асфалтот и беа шутирани“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Најбрзиот човек во светот, Усеин Болт, се нашол среде масовна тепачка во ноќен клуб во Лондон, пишува англиски „Сан“.Тепачката се случила во барот „The Room“.

Имено, осумкратниот олимписки шампион и петмина негови пријатели влегле во расправа со друга група на луѓе од Источна Европа. Конфликтот се преселил на улиците, а самиот спринтер се обидувал да ги смири двете страни. За време на тепачката немало сериозно повредени.

“Тепачката беше неверојатно. Не се знаеше кој кого удира. Луѓето паѓаа на асфалтот и беа шутирани. Тешко е да се поверува дека никој не бил повреден“ – изјавил еден од сведоците.

Инаку, Болт во текот на неговата тркачка кариера постави осум светски рекорди. Тој во моментов е рекордер на 100 метри (9,58), на 200 метри (19,19) и на 4х100м штафета со Јамајка (36,84).

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com