Уметничкиот директор на фестивалот „Макфест“ , музичарот Владимир Дојчиновски – Дојчин и неговата сопруга Ана пред два дена добија ќерка.
„Денес ми е најсреќен ден во животот, станав татко“, напиша тој на „Фејсбук“.
Како што е редот, Дојчин направи мекици, но не дома со семејството, туку во Штип, каде што викендов се одржува „Макфест“.
„Весело друштво“, напиша Дојчин под фотката направена за време на прославата по повод раѓањето на ќерката.