Полицаецот Вилијам Бекер од Мајами Бич може да добие отказ откако сними видео во кое „апси“ три манекенки облечени во провокативна долна облека, меѓу кои и Плејбој зајачицата Франсиа Џејмс, која го сподели видеото на Инстаграм.
Трите биле со лисици на рацете, а Вилијам ги придружувал во полицискиот оддел на Мајами Бич, облечен во полициска униформа. Видеото на Френсија за еден ден има повеќе од 800.000 прегледи и е споделено од другите два модела со вкупно над два и пол милиони отворања.
“Дали ви се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè извлече од ова?” праша зајачицата покрај видеото.
Инаку, трите манекенки всушност снимале видео за Инстаграм стори, а полицаецот тогаш се појавил.
https://www.instagram.com/p/B3U7tE7FXyL/?utm_source=ig_web_button_share_sheet