“По направените анализи врз пациентот, во кои не се констатирани посериозни нарушувања на здравјето, тој е пуштен од болницата“, изјави директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов за СДК.мк.
Боки 13 вчера мина четири часа во болницата „8 Септември“ откако му се слоши пред да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска. Јовановски беше однесен со Брза помош од Обвинителството за организиран криминал и корупција, а неговиот адвокат Сашо Дуковски веднаш потоа изјави дека тој не дал исказ затоа што повраќал.
Рокот за давање исказ истекува и нема информации дали Јовановски ќе добие прилика за тоа, бидејќи наскоро треба да биде изготвено обвинението по затворањето на истрагата.