Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски за медиумите изјави дека тој почнал да повраќа, по што му се слошило и се онесвестил.
– Беше непријатна сцена, рече Дуковски.
– Не случајно досега бил најмалку 20 пати во болница. Он не даде исказ. Повраќаше во тоалетот и потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена, соопшти Дуковски.
Инаку, Бојан Јовановски попладнево требаше да даде исказ како осомничен во истрагата „Рекет”.