Овен (21.03 – 20.04)
Не сте сигурни дали сте во право кога станува збор за некој долгорочен проект или работа со некој кој има големи барања. Не сте сигурни дали треба да го прифатите извинувањето од некој Јарец, Рак или Риби, особено ако тие се помлади од вас бидејќи пред се не сте сигурни дали тоа било искрено.
Бик (21.04 – 21.05)
Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Близнаците родени во мај.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Направете си распоред, така што ќе ги завршите сите ваши обврски денес. Усогласете ги климатските услови и креирајте некакво задоволство. Но сето тоа не правете го сами, подобро ќе ви биде во добро друштво. Новите работни обврски иако не ви одговараат прифатете ги со насмевка, тоа можеби е само тест за вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба.
Лав (23.07 – 22.08)
Слушајте ги соговорниците внимателно. Едвај ќе ги прифатите нивните тези, но сепак можат да ви дадат не така лоши идеи за решавање на сопствените проблеми. Финансиите повторно ви предизвикуваат проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
Многу нешта ќе се променат денес, а вие ќе сакате тоа да го споделите со некого. Изберете го многу внимателно човекот со кој сакате да го споделите тоа. Може многу да ве охрабри, но може и да ве разочара.
Вага (23.09 – 22.10)
Денот ќе ви биде исполнет со впечатоци, но и ќе биде многу напорен. Придржувајте се до идеите и мислењето на вашиот сакан, и да не ви се допаѓаат во моментот, на крајот ќе се покаже дека тие биле вистинска одлука. Немојте да сте себични, размислувајте рационално.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не дозволувајте некој да се меша или да коментира лични односи. Ако почувствувате некоја празнина во врска со деловниот живот размислете како настанала. Одлучете како ќе постапите, ви се заканува отказ.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе немате причини да се жалите од днешниве настани. Проблеми можете да си креирате сами ако трошите многу. Овие трошоци можат да остават негативно влијание врз вашите финансиски средства на подолг период.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот ќе ви започне со конфликт дома. Причината ќе биде поврзана со финансиите, поточно со нечие неразумно трошење на парите на семејството. Не донесувајте конечни одлуки, внимавајте на одлуките.
Водолија (21.01 – 19.02)
Воздржете се од претерано атрактивни финансиски акции.Овој ден ќе се однесувате премногу ентузиастички на сите свери, затоа е препорачливо да не преземате крајни акции. Вратете се во реалноста, финансиите ви се важни а ги немате доволно.
Риби (20.02 – 20.03)
Премногу несериозно се однесувате, вашата работа, приватниот живот и семејството го чувствуваат тоа. Мора да пронајдете нова метода за успех, оваа вашава е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа. Внамавајте и на здравјето, претерано консумирате нездрава храна.