Скапото “Ферари“ на македонската кошаркарска легенда и актуелен претседетел на КФМ, Перо Антиќ, се најде на страната на Фесјбук групата “Ѕид на сообраќаен срам“ бидејќи кошаркарот со уште неколку возила паркирал на самиот влез од станбениот објект.
Градоначалникот Богдановиќ на истата ФБ страница постираше фотографии од отстранувањето на возилата од делот каде не е дозволено паркирање.
Под објавата на ФБ страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“,имаше коментари кои му даваат поддршка на Перо Антиќ и и зошто токму тој е оцрнет со оглед на тоа што на приложените фотографии се гледаат и останати автомобили. Имаше и такви коментари дека Антиќ како јавна личност и како некој што неодамна донел кодекс за однесување во федерацијата што ја предводи, прво треба да тргне од себе и да го поправи своето однесување.