Белгискиот клуб Еспоир Минрос е вплеткан во секс-скандал, откако во јавност се појави снимка од сексуални односи на неколку нивни фудбалери со гола девојка. Снимката пред неколку дена била објавена на социјалните мрежи, а на неа може да се забележи девојка, која има секс со еден од фудбалерите на масата за масажа.
Според информациите од белгиските медиуми, видеото го снимил еден од фудбалерите на аматерскиот клуб по тренинг минатиот месец.
На едно од видеата девојката седи со фудбалерите на маса, а на другата има секс со фудбалер. Според најновите информации, почната е истрага откако мајката на девојката кажала дека нејзината ќерка пристигнала дома под влијание на алкохол и дрога.
„Постојат докази дека ќерка ми не беше во нормална состојба. Сакам ова да заврши на суд и да биде разјаснето. Мислам дека има нешто повеќе од тоа што сакаат да покажат“, рече мајката за „Судинфо“.
Еден од играчите рече дека „работите отидоа предалеку“, но девојката била доброволно со нив.