Водителката Даниела Трбовиќ публиката ја памти по квизот “Најслаба карика“ која го водеше од 2004 до 2010 година, каде се прослави со својот остар јазик.
Даниела денеска има 56 години, и натаму се занимава со новинарство, а во Хрватска го води забавното шоу ““5.com s Danielom”. По разводот таа му се посветила на синот Ловре и на работата.
-Не мислам дека љубовта е прашање на слободното време. Морам да признам дека веќе подолго време партнерските односи ни ми паѓаат на памет, особено не брак – рекла Даниела за “Вечернји.хр.
Инаку, водителката со бившиот сопруг била седум години во брак, се до моментот кога разбрала дека ја изневерува, па побарала развод. Во 2009 таа започнала врска со 13 години помладиот театарски режисер Оливер Фолиќ со кого била три години.
Пред да се посвети на новинарството Даниела запишала медицина во Загреб.
-Тоа што го научил на медицинскиот факултет многу ми користи, но никогаш не зажалив што се откажав од него. Имав среќа што се одлучива да почнам да се занимавам со нешто сосема друго, и тоа да ми стане професија од која живеам-рекла Даниела.