И покрај банкротот и затвoрањето на голем број ресторани, најпознатиот готвач на светот Џејми Оливер од сметката на компанијата си исплатил 5,2 милиони фунти.
Од познатата фрншиза изјавиле дека се работи од 40 отсто помал изност отколку лани кога на својата сметка Оливер си префрлил дури 8,6 милиони фунти.
За потсетување, на почетокот на годината, Оливер објави како неговата компанија ќе затвори 25 ресторани во Велика Британија, што доведе до отпуштање на дури 1.000 вработени. Во последниве две години бројот на неговите ресторани во рамките на ланецот е намален за дури 17, а познатиот готвач за тоа ги обвини високите кирии.