Оваа постапка е една од најлесните со која можете да ги исперете вашите патики. Вашите омилени обувки повторно ќе изгледаат како да сте ги купиле сега, меѓутоа за тоа потребно нов добро да ги заштите пред да ги ставите во машината за да не се оштетат.
Упатството за тоа како да го направите е доста едноставно. Еден ден пред перењето ставете по три лажици сода бикарбона во секоја патика и така оставете ги до следниот ден.
Потоа, извадете им ги врвките, истресете ја содата а врвките ставете ги во торбичка за перење. Ставете ги патиките во машината да се перат заедно со 4-5 постари пешкири кои не ги употребувате за лична хигиена, бидејќи на тој начин ќе направите рамнотежа и ќе спречите удирање на патиките во машината.
Може да користите течен детергент, во случај ако вашите обувки се осетливи. Машината вкучете ја на ладно перење. Програмот треба да трае околу половина час, а после тоа оставете ги да се исушат, најдобро на сонце или на топло, проветно место. Никогаш не ги ставајте обувките во машина за сушење, бидејќи на тој начин се оштетува лепакот.
Ова е одличен метод после кој ќе уживате во вашите стари патики кои сте ги вратиле во живот. Повторно можете да ги носите и да бидете задоволни со новиот изглед како кога сте ги купиле